Синоќа биле затекнати 9 возачи кои возеле под дејство на алкохол во Охрид, при контроли на полициските службеници на подрачјето на СВР Охрид,
На 25/26.12.2021 година од 20 до 02 часот, полициските службеници на подрачјето на СВР Охрид, извршиле контроли на 206 возачи на моторни возила. Притоа, 100 возила биле контролирани во Охрид, 38 во Струга, 38 во Кичево, 30 во Дебар. При контролите биле затекнати и санкционирале 16 возачи кои управувале моторно возило возило под дејство на алкохол од кои 9 во Охрид, 2 во Струга, 2 во Кичево и 3 во, Дебар, информираат од СВР Охрид.
Од Секторот за внатрешни работи Охрид напоменуваат дека во пресрет на претстојните празници, сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно придржување до сообраќајните правила и прописи.