Иран соопшти дека успешно го лансирал својот втор воен сателит додека разговорите за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и големите сили достигнаа критична точка.
Вториот воен сателит на Иран наречен Нур-2 е лансиран во вселената со ракетата Касед на воздушното вселенско крило на Револуционерната гарда и успешно поставен во орбитата на 500 километри над Земјата, објави официјалната новинска агенција ИРНА на 8 март.
извор/фото: Радио Слободна Европа