ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид ги информира корисниците на права од парична помош: нега, социјална, детска и цивилна заштита за Охрид и Дебрца дека исплатени се финансиските средства за месец Јануари 2025г.во вкупен износ од 21.897.755,оо денари, за powerinfo.mk вели В.Д Директорот Димче Андрески.

Корисниците на парични права ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска.
