HomeАктуелноИсчистени 20 тони отпад од општина Кисела Вода

Исчистени 20 тони отпад од општина Кисела Вода

Вкупно 20 тони отпад се собрани во заедничката акција на службите на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира Општина Кисела Вода, од утрото триесетина сезонски работници го собираа  комуналниот и кабастиот отпад во сите месни и урбани заедници. Со четири камиони насобраниот отпад потоа повеќе пати се носеше на „Дрисла“.

-Континуитетот на подигнување на хигиената во општина Кисела Вода продолжува и во периодот што следи. Апелираме до сите наши жители за совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот. Грижата и одговорноста за средината во која живееме треба и мора да биде заедничка, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.