HomeАктуелноИ сестрата на Бесмира Ејупи „влечела“ пари од повеќе институции

И сестрата на Бесмира Ејупи „влечела“ пари од повеќе институции

Покрај за несудената конзулка Бесмира Ејупи, Државното правобранителство е извор на финансии и за нејзината сестра, но и за ќерката на генералната секретарка на институцијата.

Увидот во базата „Отворени финансии“ покажува дека Фатиме Ејупи само во текот на минатата и почетокот на оваа година од Државното правобранителство има добиено над 230 000 денари. Но ова не е единствената државна инстиутија на трансакциската сметка на Ејупи. Еднократно во декември лани таа има добиено и 60 000 денари од Државната изборна комисија.

Катерина Сливоска пак, ќерка на генералната секретарка во Државното правобранителство, која исто така е на платниот список, за истиот период добила близу 4500 евра или над 20 000 денари месечно.

Неуспешни останаа обидите да добиеме став од државното правобранителство за што биле исплатени овие средства и какви договори имаат Ејупи и Сливоска.

Поради прослава за 8ми Март оттаму ни рекоа став да побараме следните денови.

Минатата недела од Државното правобранителство тврдеа дека ангажманот на поранешната тв презентерка Бесмира Ејупи е поради недостаток на кадар, па во текот на изминатата година Ејупи има добиено близу 4000 евра за комуникации со јавност и државни институтции. За ова Ејупи има потпишано и нов договор до крајот на годината.

По сите овие трансакции од државни институции, 28-годишната Бесмира Ејупи пред две медели стана и предлог за  конзул на Македонија во Њујорк. МНР го повлече предлогот по бурните реакции во јавноста.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.