HomeАктуелноИ Струга со финални подготовки за Водици.

И Струга со финални подготовки за Водици.

Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Спуштањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим ќе биде во среда во 11 часот од Чаршискиот мост, пренесува МИА.

Утрената литургија ќе започне во 7:30 минути по што поворката ќе се упати кон Чаршискиот мост.

Околу 10 часот и 40 минути ќе тргнеме од кругот на црквата „Свети Ѓорѓи“, поворката со верници ќе се движи низ струшката чаршија, до Чаршискиот мост. Во 11 часот ќе започне осветувањето на водите, по што светиот крст ќе биде спуштен во водите на реката Црн Дрим, изјави  отец Васко Голабоски, старешина во храмот „Свети Ѓорѓи“.

Организацискиот одбор соошти дека пријавувањето на капачите ќе биде утрото во девет часот пред хотел „Београд“.

Годинашни кумови на манифестацијата ќе бидат браќата Томче и Стефчо Голабоски, кои ќе бидат задолжени за целата организација. Томче досега четири пати имал среќа да го „фати“ светиот крст.

Среќниот фаќач на крстот ќе биде даруван со пригодни подароци од годинашниот кум на манифестацијата, како и од спонзори.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.