HomeАктуелноКампања на Противпожарен сојуз на Град Скопје за заштита од пожар на шумите

Кампања на Противпожарен сојуз на Град Скопје за заштита од пожар на шумите

Во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје денеска ќе се одржи кампања за заштита од пожар на шумите и други површини.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од Противпожарниот сојуз на Град Скопје, кампањата ќе се одржи на плоштад „Македонија од 11:30 до 12:30 часот. На кампањата ќе учествуваат и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и Национални шуми.

Кампањата е традиционална со едукативно-превентивен карактер и претставува голем придонес во заштитата на шумите и развој на општата и противпожарна култура меѓу младата и возрасната популација.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.