Во духот на радоста и заедништвото, синоќа во древниот храм Св. Богородица Перивлепта во Охрид, беше дочекана најрадосната христијанска вест – Христовото Воскресение.
На велигденската литургија присуствуваа претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со членови на Владата на Република Македонија и бројни охриѓани.
Молитвата и празничната атмосфера беа исполнети со духовност, вера и заедништво. Во овој значаен миг за христијанскиот свет, кога годинава Велигден се слави на ист ден од сите христијански вероисповеди, присутните сплотено ја дочекaа радосната вест: Христос Воскресе!
Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање на социјалните мрежи напиша:
„Заедно со премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, членови на Владата на Република Македонија и бројни охриѓани, синоќа во Св. Богородица Перивлепта ја дочекавме радосната вест за Христовото Воскресение! Христос Воскресе! За многу години!“- стои во честитката на градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.
Велигден останува симбол на победата на животот, надежта и љубовта, а оваа заедничка прослава во срцето на Охрид уште еднаш потсети на значењето на сплотеноста, хуманоста и духовната сила.
