Ми претставува особена чест што имам можност од оваа свечена академија да го честитам Националниот ден на Србите, Свети Сава.
Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на закони, темелот на кој се издига традицијата, културата и вредностите на српскиот народ.
Кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба, да градиме и негуваме општество еднакво за сите.
Во тоа наше заедништво што го градиме низ вековите и што го негуваме денеска, свој значаен придонес има и српската заедница во Северна Македонија.-напиша на својот фб профил Димитар Ковачески претседател на Владта.