HomeАктуелно(КОЛУМНА) Влијание и предизвици на КОВИД-19 пандемијата врз образовните процеси и практики

(КОЛУМНА) Влијание и предизвици на КОВИД-19 пандемијата врз образовните процеси и практики

Оваа пандемија предизвика промени во сите компоненти на општествените процеси и текови. Големо влијание има и врз образовниот систем, кое може да се опсервира од неколку аспекти од кои всушност имплицитно може да се извлечат и препораките кои се потребни за негов натамошен развој.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Најпрво, од аспект на капацитетот на самиот систем за адаптација на промени. Од овој аспект потребно е воспоставување внатрешни механизми во самото образование за поголема флексибилност на системот. Имено, потребни се инвестиции во дигитална инфраструктура која ќе биде апсорбер на овој негативен шок. Исто така, оваа криза покажа дека е неопходно да се работи на мотивација на студентите за следење на процесот на настава преку дигитални платформи и алатки како и за нивно активно учество во наставните процеси. Пандемијата исто така покажа дека е потребен ефикасен модел за управување со ризиците во образованието, и тоа не само глобалните, туку и самите внатрешни оперативни ризици и истиот треба да биде насочен повеќе на антиципирање на истите.

Влијанието и предизвиците на корона кризата врз образованието може да се опсервираат и низ призмата на јавните финансии т.е расходите за образование. Оваа пандемија ја истакна важноста на развојот на образовниот систем. Оттука, најпрво потребно е зголемување на самиот износ на средства за образование кои всушност се средства за инвестиции во човечкиот капитал. Во овој контекст, исто така е важно и нивното приоретизирање т.е тие да бидат насочени кон проекти кои ќе ја зголемат одржливоста и отпорноста на образовниот систем, ќе ја зголемат инклузивноста т.е инвестиции во учење на далечина, поголема техничка поддршка за антиципирање на оперативно-технички ризици. Во контекст на водењето на образовната политика потребна е нејзин континуитет и дефинирање на јасни индикатори според кои ќе може да се следи нејзината ефективност и ефикасност.

Што се однесува на процесите на настава во образовните установи и нивно прилагодување на новонастанатата состојба, форматот на презентираните содржини треба да биде што е можно повеќе интерактивен со цел да се задржи вниманието на студентите и преку одредени наставни механизми (дискусии, работилници, натпревари) да се поттикне партиципацијата на наставата со што нема во голема мера да се намали севкупниот квалитет на наставата.

Со цел подобро образование во време на овој вирус, оваа пандемија истата треба да се набљудува како поттик за истражување на нејзините ефекти врз одредено подрачје со што наодите од таквите истражувачки проекти ќе бидат презентирани и дискутирани на часовите. Со ова ќе се подобрат вештините за истражување кај студентите, со што ќе се зголеми севкупното истражувачко портфолио кај студентите, но и ќе се продлабочи истражувачката литература за влијанието на пандемијата врз одредени подрачја, кои публикации може да служат и како насоки за преземање на активности и мерки за справување со последиците од истата, но и за развој во пост-пандемискиот период.

пишува: Ристе Костовски  во својата колумна  за Радио МОФ ,Дипломиран економист во отсек на финансиски менаџмент. Веднаш по дипломирањето своето образование го продолжува на постдипломски студии по монетарна економија, финансии и банкарство каде работи на тезите за магистерскиот труд.

преземено од: https://www.radiomof.mk/

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.