HomeАктуелноКривична пријава против битолчанец за фалсификување на пари.

Кривична пријава против битолчанец за фалсификување на пари.

На 20.12.2021 Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на БЈБ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против З.Т.(23) од Битола, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „фалсификување пари“, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Имено, кривичнопријавениот во текот на 2021 година набавил лажни пари, и тоа вкупно 25 фалсификувани банкноти во апоени од по 500 евра, за кои знаел дека се фалсификувани, со намера да ги пушти во оптек како вистински. На 15.06.2021 З.Т. најпрво пуштил во промет 5 фалсификувани банкноти од по 500 евра во филијала на банка во Скопје, без да бидат забележани од страна на вработениот во банката дека се фалсификат, по што на 17.06.2021 повторно пуштил во промет 20 фалсификувани банкноти од по 500 евра, во истата банка.

Со ова пријавениот З.Т. пуштил во промет вкупно 12.500 фалсификувани евра, со што се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 766.250 денари, на штета на банката, со што ги извршил кривичните дела „фалсификување пари“, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 „продолжено кривично дело“ од Кривичниот законик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.