HomeАктуелноЛишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

На 11.05.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода К.В.(31) Тетово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Тетово било сопрено патничко возило „фоксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.16 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.