На 24.04.2023 околу 17.20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишиле од слобода Е.К.(27) од Охрид. При преглед кај неа и во возилото во кое се превезувала, кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
