HomeАктуелноВладата во 2022 година ќе набави 500.000 вакцини „Фајзер“ од кои околу 10.000 дози за деца.

Владата во 2022 година ќе набави 500.000 вакцини „Фајзер“ од кои околу 10.000 дози за деца.

Владата денеска ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД–19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот Фајзер (Pfizer), во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1% од вкупниот број деца во Република Северна Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

Планирано е дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година, информираат од Владата.

Набавката на оваа количина вакцини против КОВИД-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес, се наведува во соопштението од Владата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.