HomeАктуелноМакедонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Македонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 116 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.