HomeАктуелноМалолетник избодел 18 годишно момче по кавга за девојка

Малолетник избодел 18 годишно момче по кавга за девојка

На 31.01.2023 во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар.

Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.