HomeАктуелноМаја Марковиќ по една деценија пауза: „Емоциите ги надминаа сите очекувања“

Маја Марковиќ по една деценија пауза: „Емоциите ги надминаа сите очекувања“

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна), по повеќе од десет години пауза повторно застана пред публиката на домашна сцена. Таа го продолжи своето музичко патување пеејќи на бродови за крстарење низ светот, но овој јули ѝ приреди вистинска музичка магија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват, каде настапи како специјална гостинка во ревијалниот дел.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

После многу години, речиси една деценија, за прв пат повторно настапив на домашна сцена. Очекував позитивен одговор, но емоциите и поддршката што ги доживеав ги надминаа сите мои очекувања. Таа љубов – од сцената, од колегите, од публиката, од социјалните мрежи, од пораките и коментарите – ме остави без зборови, изјави Маја во својата прва официјална порака до медиумите по повеќе од десет години.

Публиката ја награди со овации, долги аплаузи и солзи од носталгија. Изведбата на нејзиниот хит „Љубов наша“ го потврди она што многумина одамна го знаат – дека шармот, убавината и нејзиниот препознатлив вокал не избледуваат со времето.

Маја беше дел и од жирито на „Регионалната вечер“ на фестивалот, кој собра бројни познати имиња како Дада Топиќ, Ана Петан, Јелен, Иван Ќосиќ, Фазло, Макадам, Андријана Божовиќ и други. Таа им се заблагодари на Звонимир Недељковиќ, ПР на фестивалот, како и на директорот Бојан Делиќ, за поканата и организацијата.

Фестивалот „Бисер на Јадранот“ се одржа на 18 и 19 јули, со поддршка на општина Тиват и градоначалникот Жељко Комненовиќ, а годинава собра публика од целиот регион, Европа и светот.

Дали ова ќе биде почеток на враќањето на Маја Марковиќ на музичката сцена, останува да видиме. Таа засега вели:
Не можам да ветам ништо – ниту кога, ниту дали ќе се случи моето враќање. Знам само дека тоа ќе се случи ако и кога почувствувам дека е вистинскиот момент. А дотогаш, го испраќам своето срце до сите кои сè уште ме сакаат и ме паметат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.