HomeАктуелноМВР санкционира возачи со непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери.

МВР санкционира возачи со непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери.

Во периодот од 10.01.2022 до 16.01.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се осум учесници во сообраќајот, од кои седум за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

извор: МВР

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.