Полицијата ќе презема мерки за безбедно и непречено одвивање на црковната церемонија утре во Струга.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека сообраќајната полиција утре ќе врши кратко запирање на возилата во сообраќајот при премин на поворката од Литијата на улиците „Владо Малески“ и „15 Корпус“.
Мерките ќе бидат преземени во однос на физички обезбедување на трасата каде што ќе се движи Литијата, како и регулирање на сообраќајот додека се движи Литијата, изјави потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Познатата Струшка Литија (Еордија), традиционално се одржува на 7 мај, ден по празникот „Свети Георгиј Победоносец“. Моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј“ во Струга.
