Да, техничката влада е функционална, досега имавме конститутивна и две редовни седници, се носат одлуки, со тоа што на едната присуствуваше техничкиот министер за внатрешни работи, а на втората министерот за труд и социјална политика, но според законот за влада имаат право да учествуваат и замениците и дополнителните. На втората седница техничкиот министер на министерството за труд и социјална политика, беше надвор излезен, се појавија заменикот и дополнителната министерка, што значи дека функционира, со оглед на тоа дека покрај организирање на изборите ние сеуште имаме работа, имаме одлуки кои што треба да ги донесеме за да функционира државата онака како што треба, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, во емисијата „ Анализа 24 на Телевизија 24, во врска со функционалноста на техничката влада.
Во врска со претседателските кандидати и нивното објавување, министерката Костадиновска Стојчевска, рече дека се уште има одлуки да се донесат пред изборите.
