HomeАктуелноМицкоски до Филипче: „Ако најдете макар еден мигрант од тој договор – јас си одам од политика“

Мицкоски до Филипче: „Ако најдете макар еден мигрант од тој договор – јас си одам од политика“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остра порака до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како и до Љубомир Фрчковски и Андреј Жерновски. Тој им даде „отворена понуда“ – до пролет да прошетаат низ Македонија и да најдат барем еден мигрант кој би бил дел од наводниот договор со Велика Британија за прифаќање азиланти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Ако успеат да најдат еден таков човек, јас трајно ја напуштам политиката. Ако не, минимум што можат е да излезат и да се извинат за создавањето непотребна паника“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека оваа понуда останува валидна додека тој е премиер.

Мицкоски оцени дека СДСМ, како што рече, „останале без тема“ и сега наводно го туркале наративот за мигрантите само за политички да преживеат. Потсети и дека британски таблоиди често објавуваат непроверени информации, а како пример го спомена случајот кога главниот уредник на BBC поднел оставка поради неточни вести.

Во врска со финансиските обвинувања на СДСМ, дека во буџетот „фали една милијарда евра“ и дека договорот со Велика Британија наводно служел за покривање таа дупка, премиерот категорично демантираше.

„Приходите веќе ја надминаа проектираната рамка – само за првите пет дена од декември инкасирани се 10 милијарди денари. Расходите се под контрола, штедевме и нема да се задолжуваме дополнително. Напротив – долгот ќе биде помал од лани“, појасни Мицкоски.

Тој најави и дека очекува Обвинителството, со назначувањето на нов обвинител, конечно да работи послободно и поефикасно.

„И медиумите ќе имаат работа – ќе се отвораат прашања каде завршиле милијардите што се украдени претходните години“, додаде премиерот.

На крај, Мицкоски порача дека државата е стабилна, економските параметри се позитивни – вработеноста расте, инфлацијата се намалува – и ги повика граѓаните да бидат мирни пред претстојните празници.

„Нема мигранти, буџетот е здрав, Македонија е на вистинскиот пат. За разлика од минатото, оваа Влада има план и знае каде ја води државата“, заклучи тој за време на увидот во изградбата на мултифункционалниот центар во Аеродром.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.