HomeАктуелноМицкоски запалил свеќи на гробовите на ангелите во Кочани

Мицкоски запалил свеќи на гробовите на ангелите во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Кочани ги посети и гробиштата, каде запали свеќи на гробовите на загинатите во пожарот кој на 16-ти март ја зави Македонија во црно.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој таму се сретна и со дел од родителите на загинатите деца, а татко на едно од нив, се огласи на социјалните мрежи. Потегот на Мицкоски го нарече достоинствен и човечки и упати апел до останатите да не ја злоупотребуваат нивната болка за политика.

Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред се човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно, напиша Тошо Антов, татко на едно од загинатите деца.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.