HomeАктуелноМицкоски падна во замка- со внукот на Вапцаров полемизираше какво потекло има поетот

Мицкоски падна во замка- со внукот на Вапцаров полемизираше какво потекло има поетот

Христијан Мицкоски при неговата посета на Бугарија за отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ влезе во расправа со внукот на писателот во врска со неговото творештво и идентитет.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Внукот на Вапцаров му пристапи на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и му подари книга, напишана од неговите наследници, за животот и делото на Никола Вапцаров. Мицкоски, одбивајќи ја книгата, му кажа дека тој ќе донесе книга од македонската историја, напишана од Никола Вапцаров за Македонија и неговиот македонски идентитет.

Следниот пат ви ветувам дека ќе ви дадам книга. Вие читајте ја и учете ја вашата историја, а ние ќе ја читаме и учиме нашата истрија – му рече Мицкоски.

Со ваквите настапи, Мицкоски и опозицијата создаваат дополнителна нетрпеливост меѓу двете земји и двата народа, наспроти декларативните заложби дека се за соработка и пријателство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.