HomeАктуелноМицкоски: Санираниот Музеј на вода е симбол на новата ера на вложувања во културниот туризам

Мицкоски: Санираниот Музеј на вода е симбол на новата ера на вложувања во културниот туризам

Денеска беше пуштена во употреба целосно санираната поставка на Музејот на вода во Охрид, еден од најпрепознатливите археолошки локалитети на Балканот. На свеченоста присуствуваа високи државни и локални функционери, меѓу кои и претставници од Владата, Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, како и пратеници од регионот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со оваа реконструкција, Охрид добива уште еден сериозен поттик за унапредување на културниот туризам. Како што беше истакнато, според истражувањата, богатото културно наследство е главната причина зошто странските туристи ја избираат Македонија како своја дестинација. Затоа, велат надлежните, вложувањата во културната инфраструктура ќе продолжат со уште поголем интензитет.

„Со консолидирање на состојбата во земјата, очекуваме инвестициите во културата да бидат уште поголеми. Посакувам успешна работа на сите што се дел од овој проект, но тука не застануваме – продолжуваме понатаму!“, беше порачано на настанот.

Посебна благодарност беше упатена до сите што помогнаа овој проект да се реализира – министерот за култура, градоначалникот на Охрид, пратениците кои се борат за секој проект повеќе за регионот, како и потпретседателот на Владата кој е силно фокусиран на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината.

Музејот на вода, познат по својата уникатна поставка на езерото, сега е подготвен да ги пречека посетителите во обновен сјај и со зголемени капацитети за културно-едукативни програми.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.