HomeАктуелноМНР: Учеството во странска војска е кривично дело

МНР: Учеството во странска војска е кривично дело

МНР во соопштение за јавноста информираше дека иако како земја пријател имаме разбирање за ситуацијата во Украина, учеството во било која странска војска е кривично дело.

Како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.

Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.

Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми“, стои во соопштението од МНР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.