HomeАктуелноМултимедијален настан „Родот во мојата професија“ во Центарот за култура во Охрид

Мултимедијален настан „Родот во мојата професија“ во Центарот за култура во Охрид

По повод меѓународниот ден на жената, ЗПРКДУ „Креативна верига“ во соработка со НУЦК „Григор Прличев“, на ден 12 март, сабота, во „Студио 1“ при Центарот за култура, во 12:00 на пладне, ве покануваат на мултимедијалниот настан „Родот во мојата професија“.
Под тезата дека борбата за женски права е секојдневна борба, и дека еднаш зададените права се секогаш под ризик да бидат повторно одземени, како и тоа дека од позиција на привилегирани, имаме должност да се застапуваме за родовата еднаквост и за оние со помали привилегии на овој настан ќе се одржи трибина и интерактивна дискусија под истоимениот наслов, а како излагачи ќе се претстават: Весна Ѓоршеска Кoцевска инфлуенсер; Мерсиха Исмајлоска, универзитетски професор; Кристина Тодороска Петреска, драматург; Марина Икономова Шокева, наставник и Маја Чубриќ, една од двете членки од бизнис тандемот ТрекМи.
Мизогинија, сексизам, мобинг, различен третман во работните односи базирани на родот, во својата најсуптилна и скриена форма, па се до експлицитна изразеност, се дел од секојдневието на речиси секоја жена професионалец. Дали ги препознаваме, дали ги игнорираме или храбро се спротиставуваме? Секоја од нас различно реагира, се справува или ги потиснува овие појави, но вистината е дека се присутни и за нив треба гласно да се зборува. Понекогаш предрасудите почнуваат дома и помеѓу најблиските…Меѓународниот ден на жената е повод да разговараме за овие теми.
Меѓународниот ден на жената е добар момент и да охрабриме и промовираме, нови генерации креативни женски сили.
За таа цел, на овој настан, со групна продажна изложба, ќе ги претставиме и визуелните млади уметнички: Ирма Гогова, Ева Голабоска со брендот „З’ш да не“, Бурџу Мусли и Александра Паунческа.
Модератор на настанот ќе бидe Кристина Тодороска Петреска.
Ве очекуваме.
На настанот ќе се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19, информираат организаторите.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.