Регулаторната комисија за енергетика вечерва ги објави новите цени на горивата, согласно последната одлука.
Најголемо поскапување има кај дизел-горивото, кое од полноќ ќе се продава за осум и пол денари повеќе по литар (95 денари).
Еве ги новите цени на дериватите:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 59,165 (денари/килограм)