HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Сирените за воздушни напади вклучени во Украина, загубите на Русија надминаа 16.000 војници според Зеленски

НАЈНОВА ВЕСТ: Сирените за воздушни напади вклучени во Украина, загубите на Русија надминаа 16.000 војници според Зеленски

Сирените за воздушни напади се огласија во многу градови низ Украина, објавија локалните медиуми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Некои од градовите каде се слушаат сирени за тревога се Киев, Черкаси и Кропивницки во централна Украина, Запорожје и Днепар на југоисток, Житомир на исток и Харков и Суми во североисточните региони на Украина.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина убиени 136 деца.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина досега загинале 136 деца, се наведува во соопштението на Украинското државно обвинителство, што беше лиферувано преку апликацијата Телеграм, пренесоа британските медиуми.

Од нив, 64 биле убиени во регионот на Киев, а 50 во регионот на Доњецк.

Во инвазијата се повредени 199 деца, додаде обвинителството.

Британските медиуми забележуваат дека во моментов нема независна потврда на овие податоци на Украинското државно обвинителство.

Зеленски: Русија изгуби повеќе од 16.000 војници во Украина

Загубите на Русија надминаа 16.000. Меѓу нив има и високи команданти.

Засега нема информации за загинати руски генерал-полковници или адмирали, но во таа бројка го имаме командантот на една од окупаторските војски и втор по ранг командант на руските сили во Црно Море, истакна Зеленски.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.