На иницијатива на Почесниот конзул на Република Србија во Охрид, педесеттина маратонци од Охрид ТрчаТ ќе бидат дел од Белградскиот маратон. За охридските тркачи конзулатот обезбеди 50 ноќевања за два денови и превоз. Спортската манифестација се одржува овој викенд, а целта е културно и спортско сплотување на двата народи. Тоа ќе придонесе за посебна кохезија не двете значајни спортски манифестации.
Овие работи се најбитна спона меѓу народите за заедничко дружење, што ќе вроди плод на сите полиња, како и економијата. А секако и на една иницијатива на општините Охрид и Белград ќе се склучи уште едно поблиско поврзување со тоа што ќе работиме на побрамитување да станеме стратешки партнери во сферата на туризмот, економијата и нашите традицонални иделани односи кои ги имаме со векови а се покажаа и докажаа, а во иднина ќе бидат уште поцврсти. Нашите маратонци ќе бидат сместени во хотел Југославија а превозот ќе биде со нашиот партнер брендот АД Галеб, вели Михајло Филев конзул на Р Србија во Охрид.

Спортот ги урива границите и ги зближува народите. Присуството на охридксите маратонци на Белградскиот маратон ќе биде почеток за подлабока соработка во иднина, велат од Охрид ТрчаТ.
Имено, на Белградскиот маратон ќе има и експо саем каде ќе се промовираат трките од целиот регион. На него се очекува да продефилираат повеќе од дваесет илјади посетители а Охрид ТрчаТ со брендиран штанд ќе го промовира градот Охрид со цел да се привлекуваат туристи.
