HomeАктуелноНеколку лица со закана со оружје нападнале чувар и запалиле банкомати во Топанско Поле

Неколку лица со закана со оружје нападнале чувар и запалиле банкомати во Топанско Поле

– Неколку лица со закана со оружје утринава во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.