HomeАктуелноНестабилно време со дожд и грмежи – посвежо денес, стабилизација од петок

Нестабилно време со дожд и грмежи – посвежо денес, стабилизација од петок

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и на почетокот на следната седмица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.