HomeАктуелноНова дојава за бомба во авионот за Москва предизвика паника во Белград

Нова дојава за бомба во авионот за Москва предизвика паника во Белград

На летот Белград – Москва денеска повторно стигна дојава за бомба во леталото, поради што патниците мораше да се вратат на аероромот во главниот град на Србија, пренесуваат српските медуми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во авионот „Ер Србија“ имало 125 патници и пет членови на екипажот, а дојавата за бомба била испратена преку мејл.

И на сајтот „Флајт радар“ е објавена информација дека авионот ЈУ652 кој летал кон Москва морал да се врати за Белград, но не е наведена причината.

Дојава за бомба на летот кон Москва беше испратена во петокот, по што полицијата откри дека станува збор за лажна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.