На 13.08.2023 во 22.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека И.С.(60) од општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило „пежо” со гостиварски регистарски ознаки на патот Охрид-Кичево, изгубил контрола и излетал од патот.
Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Ерамо” во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, додаваат од СВР Охрид.
