HomeАктуелноНов рекорден број на новозаразени од Ковид-19 последното деноноќие во Македонија, во Охрид регистрирани се 57 случаи.

Нов рекорден број на новозаразени од Ковид-19 последното деноноќие во Македонија, во Охрид регистрирани се 57 случаи.

Во последните 24 часа направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 788
• Битола – 159
• Прилеп – 95
• Куманово – 79
• Охрид – 57
• Кавадарци – 47
• Велес – 45
• Кичево – 38
• Тетово – 35
• Штип – 34
• Струмица – 33
• Ресен – 31
• Гостивар – 30
• Неготино – 29
• Гевгелија – 27
• Кочани – 26
• Радовиш – 24
• Делчево и Крушево – по 20
• Струга – 18
• Валандово – 16
• Демир Хисар – 14
• Свети Николе – 13
• Берово – 12
• Богданци – 11
• Крива Паланка – 10
• Пробиштип – 5
• Дебар, Виница и Кратово – по 3
• Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2
• Пехчево – 1
Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-1 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.
Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од:
• Скопје – 659
• Битола – 114
• Прилеп – 52
• Кавадарци – 32
• Штип – 22
• Куманово – 18
• Тетово – 11
• Охрид, Струмица и Неготино – по 10
• Ресен, Гевгелија и Струга – по 9
• Гостивар и Радовиш – по 8
• Велес и Богданци – по 7
• Крушево и Крива Паланка – по 6
• Пробиштип – 5
• Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4
• Кочани – 3
• Свети Николе – 2
• Демир Капија и Пехчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228
Извор:МЗ
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.