Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески упати честитка по повод големиот христијански празник Божик.
На овој голем ден нека нашите срца бидат исполнети со среќа и радост, а нашите домови со мир и спокој. Божик е ден кој секоја година нè потсетува да ги отвориме срцата и душите, да го примиме дарот од Бога и секојдневно низ нашите дела тој дар да го возвраќаме.Да ја споделуваме божиќната радост со најблиските и секој ден да правиме добри дела за благодет на сите нас. Да шириме љубов, толеранција и трпение, еден со друг да се почитуваме и меѓусебно разбираме. Со овие мисли и со желби радоста на Божик нека Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, стои во честитката од Ногачески.