Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на војската да ги стави националните сили за нуклеарно одвраќање во состојба на висока готовност по „агресивните изјави на НАТО“.
Алијансата, рече Путин, не само што презеде „непријателски акции“ против Русија на економско поле, туку и дозволи на високи функционери да даваат агресивни изјави против Москва.
Според Спутник, НАТО ја предупреди Москва дека ќе ја смета за одговорна за „бруталната и целосно неиспровоцирана и неоправдана инвазија“ на Украина.
Путин денеска се сретна со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов на разговори за операциите во Украина.