На денешната 127-та седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на државата се зголеми на 13,8%.
Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.