Охридските нуркачи и за новогодишните празници во еко акција. Од дното на езерото на потегот од Стариот дел на градот, и од пристаништето до плажа Канео од клубот Акватек извадиле најразличен отпад пластични чаши ,шишиња, најлонски кеси, лименки и испратија порака за максимална заштита на езерото, а воопшто и водите во Македонија.
Нуркачите од клубот „Акватек“ алармираат за несовесното однесување на поединци, кои за жал ги има во голем број и прават ненадоместлива штета на природниот басен на езерото и живиот ендемичен свет во него.
Нуркачите деновиве извршија четири еко акции кои траат по 70 минути. На секоја подводна акција извадија по четири вреќи цврст отпад и најавија дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина каде ќе бидат вклучени повеќе нуркачи.