HomeАктуелноОБНОВЕНО: МВР со детали за вчерашната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево

ОБНОВЕНО: МВР со детали за вчерашната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „ман” со приклучно возило „кроне” со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско, патничко возило „мицубиши” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје и патничко возило „рено” со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „рено”, В.Т.(48) од с.Лескоец, охридско, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид, инфомираат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид., додават од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.