HomeАктуелноОва општина ќе доделува по 8.000 денари за секое новородено дете

Ова општина ќе доделува по 8.000 денари за секое новородено дете

Од 1 јануари 2026 година, секое семејство во Општина Гази Баба кое ќе добие новородено дете ќе добие финансиска поддршка од 8.000 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Раѓањето на дете е најголемата радост, најголемата надеж и најсилната порака за иднината. Токму затоа, како локална самоуправа, чувствуваме обврска да бидеме силна поддршка на секое семејство во овој најважен животен момент.

Во 2022 година, по моето стапување на функцијата градоначалник на Општина Гази Баба, за првпат ја воведовме мерката за финансиска помош од 5.000 денари за секое новороденче. Тоа беше почеток на една јасна и одговорна политика која грижата за семејството и децата ја става во самиот фокус.

Во изборната кампања за последните локални избори ветив дека оваа поддршка ќе ја зголемиме на 6.000 денари, затоа што верував дека секое семејство заслужува повеќе. Но, со внимателни анализи, одговорно и домаќинско управување со буџетските средства, направивме уште еден чекор напред и ја зголемивме помошта на 8.000 денари.

Ова не е само бројка.
Ова е порака – дека Општина Гази Баба стои зад младите брачни парови, зад мајките и татковците, и зад секое ново дете кое се раѓа во нашата општина.

Со ваквите мерки директно придонесуваме за зголемување на наталитетот, охрабрувајќи ги семејствата да се одлучат на најубавиот чекор – да донесат нов живот на светот. Повеќе деца значи повеќе смеа во градинките, повеќе ученици во училиштата и посилна, пожива Гази Баба.

Инвестицијата во децата е инвестиција во иднината. Затоа продолжуваме со политики кои носат реална и директна помош, затоа што знаеме дека секој денар значи поддршка, сигурност и олеснување за семејниот буџет.

Општина Гази Баба не е само институција – таа е партнер, сојузник и поддршка на своите граѓани, од првиот детски плач, па сè до остварувањето на најголемите соништа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.