HomeАктуелноОдржан состанок со еколошки друштва и невладини организации за чист и зелен Охрид.

Одржан состанок со еколошки друштва и невладини организации за чист и зелен Охрид.

Со единствена цел за чист и зелен Охрид, а во соработка со општина Охрид,  Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид денес одржа прв работен состанок со ЈУ Национален парк Галичица, еколошки друштва и други невладини организации.  Меѓусебната размена на практики и искуства е  голема придобивка во мапирање на проблемите со кои секојдневно сме затекнати и ќе ни помогнат во детектирање на точките со диви депонии на територијата на општина Охрид, како и пронаоѓање на начини за полесно справување со овие проблеми. Ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу: Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид , ЈУ Национален парк Галичица, „Охрид SOS”, „Еко ФАП”, „Explorer”, „Културолошка иниоцијатива 5 до 12″, „Црвен Крст- Охрид”, „Чист Охрид”, „Енхелеус Лихнид”, „Еколошко друштво Грашница”, „Охрид Ultra Trail”, „Охрид Трчат”, „Акватек” и „Спиридон Спелео”.

Преку заедничка соработка и  лична одговорност  се надеваме дека ќе придонесеме во заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.