По неколку часовни пресметки Регулаторната комисија за енергетика реши дека има простор за корекција на цените на горивата. Промената на цените на дизелот и бензините ќе се случи во вечерните часови, а најверојатно ќе следи намалување на малопродажната цена. Новите цени ќе започнат да важат од утре.
Исполнети се предусловите, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати. По одржување на седницата, ќе биде објавена одлуката која ќе биде на сила од полноќ, велат од Регулаторна.
На Лондонската берза денеска барел нафта се продаваше по 100 долари, што е намалување од 30 долари во споредба со минатата недела. На американскиот пазар на нафта цената исто така е спуштена и барел нафта се продава по 97 долари. Кога пред кризата, барел нафта се продаваше по 100 долари на светските берзи, во змејава горивата чинеа 70 денари за литар. Од Регулаторна вечат дека вакво дратсично намалување не треба да с еочекува сега, затоа што цената се одредува по анализирање на двикжењето на цените нас светските пазари од последните пет дена. Сепак, неофицијалните информации до кои дојдовме велат дека до крајот на неделава не очекува позабележително намалување на цените на дизелот и бензините.
Литар дизел изминатиов период достигна цена и од 97 денари, а литар бензин се продаваше и по 95 денари.