HomeАктуелноОд полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата

Ново зголемување на цената на горивата на товар на џебовите на граѓаните откако регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) претходната недела донесе одлука со која се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60 % во однос на Одлуката од 7.2.2022 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се промени, односно остана на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,046 денар/килограм и сега изнесува 46,491 ден/кг.

Која ќе биде новата цена на горивата, очекуваме Регулаторната комисија денеска да соопшти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.