Регулаторната комисија донесе одлука за нови цени на нафтените деривати.
Според новата одлука на РКЕ цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува непроменета и изнесува 79,5 денари за литар, како и на ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,5 денари за литар. Непроменета останува и цената на дизелот кој изнесува 76 денари за литар.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
-Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 53,159 (денари/килограм).