HomeАктуелноОд среда ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори

Од среда ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека од 27 август до 3 септември на плоштадите на градовите ќе собира предлози од граѓаните за програмите со кои кандидатите за градоначалници ќе излезат на локалните избори.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„За таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од речиси сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.

Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација“, изјави генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски. Акцијата е насловена „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина“.

Истовремено во истиот период граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи и предлози за проекти по електронски пат. Партијата очекува масовен одѕив на граѓаните.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.