HomeАктуелноОд срцето на Македонија – до срцето на Холивуд

Од срцето на Македонија – до срцето на Холивуд

Од срцето на Македонија – до срцето на Холивуд: Miloshevski Martial Arts избран од Sony Pictures за промоција на новиот филм „Karate Kid: Legends”
Од тивките карате тренинзи во македонската црква Св. Кирил и Методиј во Чикаго, до големата сцена на Холивуд – соништата стануваат реалност кога се следат со срце. Сонувањето, трудот и љубовта кон карате го доведоа македонскиот сенсеи Дејан Милошевски до ретко признание што ќе остане запишано во историјата на македонското карате.
Во соработка со американската карате федерација (USA Karate), продукциската куќа Sony Pictures испрати повик до избрани карате клубови ширум САД да бидат дел од ексклузивна кампања за промоција на светската премиера на новиот филм “Karate Kid: Legends”. Од сите доџоа, токму Miloshevski Martial Arts, клубот предводен од Милошевски во Чикаго, беше избран да биде официјален промотор за градот Чикаго.
Премиерата се одржа минатиот месец во Њујорк, каде што Sony Pictures и WKF ги одликуваа главните актери Џеки Чен и Ралф Мачио со почесни црни појаси – силна порака дека вистинските вредности на карате, како чест, дисциплина и мир, не познаваат граници.
Како дел од кампањата, MMA доби оригинални постери и традиционални хајчимак(и) директно од Sony, а во клубот се одржа посебен тематски тренинг, каде што секое дете – со сјај во очите и срце полно со верба – го живееше карате како што сме го сонувале сите некогаш гледајќи го оригиналниот филм.
️ „Ова не беше само тренинг – ова беше магија! Секое дете почувствува дека соништата се достижни. Со оваа соработка, праќаме порака до секое дете од САД и Македонија – да верува, да се труди и никогаш да не се откажува.” — сенсеи Дејан Милошевски
Настанот беше прослава на духот на карате – не само како спорт, туку како патека на карактер, смиреност и внатрешна сила. Настанот беше исполнет со насмевки, радост, аплаузи и гордост – моменти што се паметат цел живот.
Ова признание не е само успех на еден клуб – тоа е успех за цела македонска заедница, доказ дека дури и далеку од татковината, корените не се губат, туку цветаат.
️ „Карате не е само борба за победа, туку пат кон баланс и мир – две гранки на едно дрво.” — Г-дин Хан (Џеки Чен), Karate Kid: Legends
Miloshevski Martial Arts денес не е само доџо – тоа е симбол на тоа што се добива кога љубовта кон традицијата се претвори во светска инспирација.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.