
Литар Еуродизел ќе чини 187,74 динари (97,82 денари), а БМБ 95 премиум 176,31 динари за литар (92,3 денари)
Од денеска во 15 часот во Србија стапуваат на сила новите цена на горивата. Така, литар Еуродизел ќе чини 187,74 динари (97,82 денари), а БМБ 95 премиум 176,31 динари за литар (92,3 денари) , соопшти Министерството за трговија.
Исто така, согласно член 3 став 5 од наведената уредба, се известуваат стопанските субјекти кои вршат дејност трговија со моторни и други горива на станиците за набавка на транспортни средства дека се должни да ги применуваат утврдените малопродажни цени на нафтени деривати веднаш по објавувањето на официјалната веб-страница на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.
За потсетување, замрзнатата цена на бензините беше на ниво од 171 динари (89,6 денари), додека на дизелот 179 динари (93,8 денари).
Владата на Србија ја усвои уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на нафтените деривати еуродизел и евро премиум БМБ 95, а ќе важи следниот месец, до 11 април.
Уредбата ја одредува максималната малопродажна цена и ги обврзува бензинските пумпи да доставуваат гориво до клиентите исклучиво – со полнење на резервоарите на возилото.