HomeАктуелноОпожарена нискостеблеста шума и сува трева во липковско Виштица

Опожарена нискостеблеста шума и сува трева во липковско Виштица

– Нискостеблеста шума и опожарена сува трева на површина од околу четири хектари гореле вчера во липковското село Виштица, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пожарникарите го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а во интервенцијата помогнале и вработени од подружницата на „Национални шуми“ Куманово.

Пожарот избувнал по 14.30 часот. – Поради непристапен терен заради лошата конфигурација на теренот, гаснењето беше отежнато и се вршеше со грби пумпи. Пожарот беше локализиран во 18:00 часот, соопштија од РЦУК Куманово.

Причината за избувнувањето на пожарот засега е непозната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.