HomeАктуелноОпштина Дебрца добива прв откупен пункт за земјоделски производи

Општина Дебрца добива прв откупен пункт за земјоделски производи

Општина Дебрца добива прв откупен пункт за земјоделски производи/овошје кој ќе биде лоциран во село Требеништа, во големата сала на селскиот Задружен дом. Потпишан договорот помеѓу Општина Дебрца и фирмата Али Фреш Фруит ДОО.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според договорот, закупувачот е должен да инвестира во реконструкцијата и адаптацијата на деловниот простор согласно намената и инвестиционата програма, информираат од Општина Дебрца.

Пред потпишувањето на договорот, додваат во соопштението, за јавниот простор била спроведена постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 10 години.

Со оваа постапка правиме еден голем исчекор напред кон подобрување на квалитетот на услугите при откупот на земјоделските производи и промоција на производството во Општина Дебрца, со што се отвораат и нови можности за иднини инвеститори, додаваат од Општина Дебрца.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.