Попладнево, лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев на својот фб-профил со остра порака до власта
ЌЕ ВИСИТЕ ЗАЕДНО!!! – напиша на својот фб-профил Апасиев.
Меѓудругото, таквиот коментар на Апасиев се должеше на резултатите од Пописот кој беше спроведен од Државниот завод за статистика кој беше спроведен минатата година.
Резултатите од пописот денес ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите, просечно домаќинство брои 3,06 члена.
Бројот на станови изнесува 839.174.
Густината на населеност на еден километар квадратен е 72,2 лица, а просечната возраст на населението е 40,08 години. На 1.000 жени има 984,3 мажи.
Според резултатите од пописот во кој според изјаснувањето за етничка припадност Македонци се 54,21%, Албанци 29,52%, Турци 3,98%, Роми 2,34%, Власи 0,44%, Срби 1,18% и Бошњаци 0,87%.
Претходно Апасиев упати уште една порака до јавноста и владата, кој на својот фб-профил напиша:
Попишани у гаѓи
